Милано е вториот најголем град во Италија и главен град на регионот Ломбардија. Самиот град има население од околу 1,35 милиони, додека неговата урбана област е петта најголема во рамките на ЕУ и најголема во Италија со проценето население од околу 5,2 милиони.
Големото ширење на градот кое следеле по повоениот економски бум во
1950-тите и 1960-тите и растот на пространата урбана област, наведуваат
дека градот има влијание и надвор од неговите административни граници,
создавајќи метрополитенска област од седум до девет милиони луѓе. Според Евростат, метрополитенската област има население од 8.071.271 луѓе во 2011. Таа се вбројува во т.н. Сина банана, област во Европа со најмногу население и индустриска густина.
Милано бил основан од Келтите. Подоцна, градот бил освоен од Римјаните, станувајќи главен град на Западното римско царство. Во текот на Средниот век, Милано се развил како трговски и банкарски центар. Низ вековите бил освојуван и владеен од Франција, Хабсбуршка Шпанија и Австрија, до 1859 кога градот конечно бил припоен од новото Кралство Италија. Во текот на раните 1900-тите, Милано ја предводел индустријализацијата на младата нација, станувајќи економски, социјален и политички центар. Лошо погоден од уништувањата во Втората светска војна и по суровата нацистичка окупација, градот станал главен центар на италијанскиот отпор. По војната, градот доживеал силен економски бум, привлекувајќи голем број на имигранти од руралната Јужна Италија. Во текот на последните декади, Милано привлекува голем број на странски имигранти и денес повеќе од една шестина на неговото население е со странско потекло.
Милано е главен индустриски, трговски и финансиски центар на Италија и водечки глобален град. Во неговиот финансиски центар се наоѓа италијанската берза (Borsa Italiana) и седиштата на најголемиот дел на националните банки и компании. Градот е познат како еден од главните градови во светот на модата и дизајнот. Благодарение на неговите важни музеи, театри и знаменитости (вклучувајќи ја Миланската катедрала, петта најголема катедрала во светот и Санта Марија деле Грацие, украсена со слики на Леонардо да Винчи, дел од светското културно наследство) Милано привлекува повеќе од два милиони посетители секоја година. Во него се наоѓаат бројни институции и универзитети, со повеќе од 185.000 студенти во 2011, т.е. 11 проценти во целата земја. Градот е исто така познат по неколку меѓународни настани и саеми, како што се Миланската модна недела и Саемот за мебел, најголем од таков вид во светот, и ќе биде домаќин на светскиот саем Експо 2015. Милано е дом на два големи фудбалски клубови, Милан и Интер.