Tuesday, December 9, 2014

Географија

Планинска земја со високите Алпи на север (Монте Бјанко/Мон Блан, 4.807 м) и Апенините во централниот дел на Апенинскиот Полуостров (Монте Корно, 2.914 м). Јужно од Алпите се протега големата низина Ломбардија во долината на По, а мали низини се простираат во некои крајбрежни региони. Во јужниот дел има неколку вулкани, меѓу кои активни се Везув, Вулкано, Етна и Стромболи. Хидрографија: реки – Адиџе, Арно, По, Талјаменто и Тибар; езера – Болсано, Гарда, Комо, Маџоре и Тразимено. Клима: средоземна на островите и во поголемиот дел на Полуостровот, умерено-континентална во Ломбардија и планинска во северните алпски области.

No comments:

Post a Comment