Tuesday, December 9, 2014

Историја

Рана историја

Територијата на денешна Италија била населена пред околу 500.000 години во времето на долниот палеолит. Просторот бил населен од страна на неандерталскиот човек. Најпознатите италијански праисториски цивилизации живееле во периодот на Неолитот. Овде спаѓаат Камунската цивилизација, Терамарската, Виланованската и други. Во праисторијата, Апенинскиот полуостров и неговата површина била поинаква за разлика од денес. Така на пример островот Елба и Сицилија биле поврзани со копното, Венеција била плодна рамнина со влажна клима. Присуството на неандерталскиот човек е докажано според археолошките останки кои датираат од околу 50.000 години. Современиот човек на овие простори се појавил за време на горниот Палеолит. Останки од Aurignacian се пронајдени на овие пристори и датираат од пред околу 34,000 години. Остатоци од праисториска Италија подоцна биле пронајдени во Лигурија, Ломбардија (покрај Вал Камоника) и во Сардинија. Најпозната мумија пронајдена во 1991 година во е Отзи, и датира од околу 3000 п.н.е.
Италијанците се потомци на старите племиња кои уште во почетокот на првиот милениум п.н.е. се населиле во краевите помеѓу Алпите и по целиот Апенински Полуостров и Сицилија. Овие народи биле од различно потекло, а најстари биле Лигурите и Илирите. Грците во 7 век п.н.е. и 8 век п.н.е. колонизирале голем дел од медитеранското крајбрежје, од источните делови на Црно Море до денешниот град Марсеј. Воспоставиле контрола над Сицилија и јужниот дел на Апенинскиот полуостров. Ова место било нарекувано Магна Граециа кое во превод значи голема Грција. Географите единствено не се слагале околу тоа дали Сицилија спаѓала во составот на Голема Грција или не. Страбон сметал дека истата била во нејзиниот состав. Некаде во 8 век п.н.е. на територијата на денешна Италија се населиле и Етрурците кои се прошириле до реката По и Корзика. Вo близина на територијата на денешна Венеција истотака живееле Венетите, додека Сабјаните и Латините живееле во градот Лацио и околу него. Френтаните, Пицентите и Маручените се населувале околу Јадранското приморје. Со мешање на сите овие племиња се создал новиот народ Италијанците.
Секако Италијанците се создале главно од едно поголемо племе (плус со мешање на горенеаведените) кои се нарекувале Итали по кои што го добиле и денешното име. Италите не биле едно главно заедничко племе, туку ова племе било поделено на четири племиња: Латини, Фалисци, Осци и Умбри или Умбријци. Ова биле луѓе кои главно се занимавале со поледелство и одгледување на стока. Со ширењето на моќта на Рим некаде околу 5 век п.н.е, италските племиња влегле во составот на Римската држава и станале нивни сојузници. Тие добиле Римско граѓанско право после војната која се водела од 90 до 89 год. п.н.е. Иако на почетокот било целовито подоцна се поделило на два дела и тоа: Источно Римско Царсто и Западно Римско Царство. Во составот на Римското царство влегла и Македонија како Римска провинција.

Модерна Италија

Референдум во 1946 година ја создал Република Италија. Италија е член на НАТО и ЕУ. Рим главниот град на Италија името го добил по Ромул и Рем
Италија во 1957 година била една од државите која ги поставила темелите на Европската Унија. Тоа и допринело да се развие во господарски и политички смисол. Станала една од водечките сили во целиот свет и спаѓа во групата на земји G8.

No comments:

Post a Comment