Tuesday, December 9, 2014

Рим

Рим (италијански: Roma) — град и посебна општина во Италија. Рим е главен град на Италија како и главен град на Лацио. Со 2.8 милиони жители на 1,285.3 км² е исто така најголемиот и најнаселениот град и општина и четврти по број на жители град во рамките на Европската Унија. Околу 3.2 до 3.7 милиони жители живеат во Римското градско подрачје. Град се наоѓа во централно-западниот дел на Италијанскиот Полуостров, на самата река Тибер во границите на областа Лацио во Италија.
Времетрањето на Римската историја се проценува на две и пол илјади години. Овој град бил главен град на Римското Кралство, Римската Република и Римската Империја, која била доминантна сила во Западна Европа и во земјите кои граничат со Средоземното Море околу седумстотини години, од I век п.н.е. сè до VII од н.е. а самиот град се смета за еден од родните места на западната цивилизација. Од I век од н.е. Рим бил седиште на Папата, и по завршувањето на византиската доминација, во 8иот век станал главен град на државите со кои владеел Папата, овој период траел се до 1870 година. Во 1871та година Рим станал главен град на Царството Италија, а во 1946тата година и главен град на Италијанската Република.
По годините на средниот век, Рим бил под дирекција на Папите, како што се Александар VI и Лео X, кои го промениле градот во еден од најголемите центри на Италијанската Ренесанса, заедно со градот Фиренца. Сегашната верзија на базиликата св. Петар била изградена, како и Систинската Капела била насликана од страна на големиот Микеланџело. Познати уметници и архитекти, како што биле Браманте, Бернини и Рафаел престојувале некое време во Рим, придонесувајќи за ренесансата и барокната архитктура на самиот град.
Рим беше рангиран во 2010 година како бета+ светски град од страна на “Организацијата за најважните светски градеви” (GaWC- The World’s Most Important Cities Organization ), како и 28ми по ред најважен глобален град. Во 2007 година, Рим беше 11ти по ред најпосетуван град во светот, 3ти најпосетуван град во границите на Европската Унија, и најпопуларна туристичка атракција во Италија. Овој град е еден од најуспешните Европски градеви. Неговиот историски центар е на листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Спомениците и музеите како што е Музејот Ватикан и Колосеумот се помеѓу 50те најпосетувани туристички дестинации (музејот Ватикан со 4.2 милиони туристи и Колосеумот со 4 милиони туристи секоја година). Рим беше домаќин на Летните Олимписки Игри во 1960 година.

No comments:

Post a Comment